Челзи ќе стори сѐ за да ја задржи својата ѕвезда Еден Азар, за кого сериозен интерес има од Реал Мадрид.
Сопственикот на „сините“ Роман Абрамович дал согласност да му се предложи нов договор на белгискиот репрезентативец, во кој платата ќе му биде зголемена до 300.000 фунти неделно, пишува „Дејли Мејл“.
Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.
Еден Азар има договор со англискиот шампион до летото 2020 година, но веќе започнал преговори за негово продолжување.