Пратеникот Амди Бајрам на седницата за пратенички прашања го испофали премиерот Зоран Заев, кој му одговори на пратеничките прашања за споменик на Есма Реџепова, за сиромаштијата и за девојчето од „Домот „25“ мај“.
Бајрам изрази задоволство од одговорот на Заев, истакнувајќи дека за прв пат еден премиер му одговорил како што треба на пратеничките прашања.
– Се гледа вие се залагате за народот и како идете ќе бидете добар за секого – рече Бајрам, кој до вчера беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а по локалните избори стана независен пратеник.