Арсенал преку Милан до четвртфиналето во ЛЕ

192
ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Арсенал продолжува во четвртфиналната фаза на Лига Европа,  откако и во реванш натпреварот со 3:1 (вкупен резултат од 5:1) го совлада Милан.

Во осминафиналето изненадување направи ЦСКА Москва која на гостувањето кај Лион дојде со домашниот пораз од 0:1, но го совлада фаворизираниот домаќин со 3:2. Рускиот тим продолжува во следниот круг благодарение на повеќе постигнати голови на гости, при израмнет вкупен резултат 3:3.

Изненадување приреди и Салцбург кој ја елиминираше Борусија Дортмунд. Клучна беше победата на Австријците на гости со 2:1 на првиот меч, во реваншот беше 0:0.

Лацио го совлада Динамо со 2:0 на гостувањето во Киев и обезбеди пласман во следната фаза, иако во Рим одигра само 2:2.

И Олимпик Марсеј оди понатаму откако и во реваншот во Шпанија го победи Атлетик Билбао со 2:1.

Лајпциг ремизираше на гостувањето кај Зенит (1:1) и благодарејќи на триумфот од 2:1 на првиот натпревар оди во четвртфинале.

Фудбалерите на Спортинг Лисабон се пласираа во следната фаза и покрај поразот од 1:2 на гостувањето во Плзењ, бидејќи Португалците имаа предност од 2:0 од првиот натпревар одигран во Лисабон.

Претходно и Атлетико Мадрид обезбеди место меѓу осумте најдобри. Шпанскиот клуб оствари убедлива победа од 5:1 на гостувањето во Москва против Локомотив и со вкупни 8:1 оди понатаму.

ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...