Холандската архитектонска компанија MVRDV, во обид да ја спои традицијата со модерниот стил, проектираше кула од 6.500 квадратни метри наречена Мајлстоун, а што ќе никне во германскиот град Еслинген.
Зградата е исклучителна по нејзината „кристално-камена” фасада, која изгледа речиси транспарентно во текот на денот, а во текот на ноќта делува како некој вид светилник. Се чини како геометријата и дизајнот на градбата да си поигруваат со самата идеја за длабочина. Делови од зградата ќе бидат „туркани” навнатре, некои дури и целосно отстранети, оставајќи ја шуплината во центарот.
– Така, центарот ќе апсорбира и рефлектира светлост на начин што ќе создава илузија на остри, фрагментирани рабови – пишува „Архитекчурал дигест“.