Ако продолжат нередите ќе има фудбалски Грегзит

Василијадис смета дека сопственикот на ПАОК, Савидис за инцидентот на стадионот „Тумба“ треба да добие огромна финансиска казна.

402

Заменик министерот за спорт во грчката Влада, Јоргос Василијадис изјави дека е подготвен за сценарио Грегзит, односно дека Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја исфрли Грција и грчките клубови од сите меѓународни натпреварувања за да се смири ситуацијата во земјата.

Тамошната Влада го прекина првенството по хаосот во Солун на дуелот ПАОК – АЕК кога на терен со пиштол околу појасот втрча сопственикот на црно-белите Иван Савидис сакајќи да се пресмета со судијата кој му поништи гол на ПАОК.

– Ако не се преземат обврски за да се создаде нова рамка на дејствување и правила, ќе дојдеме до крај на грчкиот фудбал. Ние не сакаме да го ризикуваме јавниот ред и безбедност. Грегзит во фудбалот не е моја грижа. Мора да има казни и за изјави кои се провокативни и кои поттикнуваат инциденти. Сите имаме одговорност – нагласи Василијадис, во изјава за грчка „Газета“.

Тој апелира релевантните фудбалски организации да ја преземат одговорноста и да се најде решение.

– Јас не сум министер за фудбал, туку за спорт. Се борев за редовни судии да донесуваат одлуки, но УЕФА не дозволуваше, сѐ до сега – додава тој.

Василијадис смета дека сопственикот на ПАОК, Савидис за инцидентот на стадионот „Тумба“ треба да добие огромна финансиска казна.

Фото: EPA-EFE, ANA-MPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...