АЕК: Помисливме што ако полуди и почне да пука

Сопственикот на клубот од Солун со пиштол на појасот тргна кон судијата да бара правда за поништениот гол во последната минута.

795
20130522 Wednesday 2050 Skopje finale kup na makedonija

Раководството на АЕК од Атина се огласи со соопштение по немилите сцени на дербито со ПАОК кога во теренот влезе сопственикот на клубот од Солун со пиштол на појасот и тргна кон судијата да бара правда за поништениот гол во последната минута.

– Се случи невидено нешто во грчкиот фудбал. Помисливме што ако тој полуди и го извади пиштолот. Бевме исплашени за нашите играчи, за нивните животи. Овој преседан не смее да помине како многу други претходни инциденти. Еднаш за секогаш треба да завршат вакви работи кои немаат допирна точка со спортот и фудбалот – велат од ФК АЕК.

Атињаните додаваат дека се загрижени поради тоа што во Солун често се случуваат инциденти кога гостуваат клубовите од главниот град

– Нешто мора да се промени. Вакви случаи има секогаш кога во Солун гостуваат, Олимпијакос, Панатинаикос и АЕК. Тажна слика, оваа земја не го заслужува ова – коментираат тие.

Се очекува Грчкиот фудбалски сојуз да изрече санкции за инцидентот на вчерашното дерби меѓу прво и второ пласираните екипи во Супер лигата на Грција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...