Страшна навалица за Будимпешта за Нова година

775

Македонците сакаат да ја дочекаат Новата година во Париз без разлика на протестите и неприликите кои се случуваа во Франција во изминативе недели. Цел автобус оди за Париз и покрај „жолтите елеци“, потврдува Нехар Селим од туристичката агенција „Нехар Травел“ од Скопје за Плусинфо.

– Покрај Париз, како и секоја година така и оваа, Прага е пополнета. Оваа година има страшна навалица и за Будимпешта, каде одат претежно млади за да ја дочекаат Новата. Потоа тука се и понудите за Виена, Азурен Брег и за Милано. Има аранжмани и со две и со три ноќевања. Овие викенди се оди во Солун на шопинг тури – посочи Селим.

Тој додаде дека граѓаните веќе почнале да си уплаќаат и за летен одмор.

– Веќе го пуштивме летувањето во Шпанија за 14 дена. Пакет аранжман комплетно чини од 369 евра па нагоре, во зависност од хотелите и слично. Граѓаните заштедуваат сто евра ако уплатат сега наместо во мај, а 90 евра ако го направат тоа во јануари – додаде Селим.

Македонците сакаат да прошетаат и низ Израел за новогодишните празници.

– Голем е бројот на лица кои се одлучуваат да ги поминат Новата Година и Божиќ во Израел. Рим е исто така барана дестинација. Месецов има и доста заинтересирани за Малдивите, Бали и Тајланд – рече Јана Сирачевска од туристичката агенција „Аурора турс“ од Скопје.

Миле Спировски од туристичката агенција „Турист“ од Битола ни рече дека битолчани најмногу сакаат да ја дочекат Новата година во Виена, Загреб, Милано, Атина, но и во Сандански.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...