Креирајте го подарокот во DIAS, персонализирајте го и пренесете емоција!

226

Кулминацијата на новогодишните и божиќните празници е сѐ поблизу, а со неа и малите нервози – ќе стигнеме ли навреме сѐ да набавиме и да подготвиме? И дали нашите идеи ќе бидат доволни за да ги усреќат најсаканите, кога ќе ги дочекаат под елката. Дарувањето не треба да биде „тривијален“ чин, а добро е да земеме предвид, дека истражувањата потврдиле дека најмногу им се радуваме на подароците кои пренесуваат емоција.

Смислата на празниците, секако, не треба да биде материјална, во прескапите подароци, туку во подароците кои ќе ја покажат нашата „мислам на тебе“ мисла. Затоа, подарете емоција! А тоа може да го направите доколку подарите перонализиран подарок.

Мисијата на модниот бренд DIAS е поврзана со продажба на производи со врвен дизајн и квалитет. Во претпразничната сезона, особено ни „паѓаат в очи“ нивните уникатни „gift box“-ови и можноста да учествуваме во креирањето на подарокот.

За тоа како изгледа креирање на подарок, ни објаснуваат од DIAS:

– Купувачите кај нас имаат единствена можност сами да го креираат подарокот. Тоа значи дека кога ќе ја земат во раце сет кутијата, може да одберат што би имало во неа. Водејќи се од своите желби, може да изберат паричник, ремен, картичник, чорапи, футрола за пасош, манжетни, пенкало, футрола за пенкало, марамче, вратоврска и слично.

Уникатната можност значи дека производите од кожа може да се гравираат ласерски и на истите да стојат иницијали, име, порака и слично, додека на сет кутијата може да се нацрта нешто по желба на купувачот.

Бидете креативни! Креирајте го вашиот совршен подарок во DIAS, персонализирајте го и секако, „емоционализирајте“ го.

Продавницата DIAS се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.

 

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...