Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, може да биде казнет од клубот поради непочитување на тимот, а сега и кон веќе поранешниот тренер, Жозе Мурињо.
Французинот се соочува со парична казна поради објавување пост на социјални мрежи по веста за оставката на Португалецот.
Погба стави фотографија на Инстаграм која многумина ја сметаат за прослава поради отказот на Мурињо, со кого Французинот имаше конфликт. Набргу потоа, фотографијата беше отстранета, но коментарите продолжија.
ФОТО: EPA / PETER POWELL