Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, објавено е на официјалниот твитер-профил на клубот.
– Би сакале да му се заблагодариме за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина – стои во пораката.
Претходно, британските медиуми објавија дека во случај на отпуштање на тренерот, клубот ќе мора да плати надомест од 24 милиони фунти.
На официјалниот сајт на „Црвените Ѓаволи“, е наведено дека клубот ќе назначи. тренер кој ќе ја финализира сегашната сезона. Неговото име се уште е непознато.
Јунајтед во моментот е на шестото место во шампионатот на Англија со 26 бода од 17 натпревари.
Под водство на 55-годишниот Мурињо, МЈ го освои Лига Купот, Суперкупот на Англија и Лига Европа.