Икарди најдобар играч, Алегри тренер на годината во Серија А

91
ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI

Капитенот на Интер, Мауро Икарди е прогласен за најдобар фудбалер во 2018 година во Италија.

Дваесет и пет годишниот напаѓач е првиот играч во последните седум години кој ја освојува наградата, а не е член на Јувентус. Последен пат тоа го направи Златан Ибрахимовиќ во 2011 година како член на Милан.

Сепак, шампионот Јувентус и оваа година има свој претставник меѓу најдобрите во Серија А. Тоа е тренерот Масимилијано Алегри кој е прогласен за тренер на годината.

За Алегри ова е четврто вакво признание. 

ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...