Бејзбол играчот Данри Васкез доби отказ во клубот откако се појави снимка на која се гледа како брутално ја претепа својата девојка.
Спортистот од Венецуела е уапсен откако безбедносните камери во зградата го снимија екстремно насилното однесување на Васкез.
– Немавме избор, моравме да го отпуштиме. Никој во клубот, вклучувајќи ме и мене, не може да толерира вакво однесување – рече менаџерот на Ланкестер, клубот во кој настапува насилникот.
Тој платил парична казна и ќе оди на групно советување.
– Да, го видовме видеото. Секој пат кога маж ќе повреди жена, тоа е ужасно. Се надевам дека тоа повеќе нема да се случи. Се надевам дека Васкез повеќе нема никого да повреди – рече обвинителот Марк Гонзалес кој го водеше случајот.