Вијали: Се срамев што имам рак, се чувствував како јас да сум виновен што сум го добил

1177
ФОТО: Профимедиа / српски „Курир“

Поранешниот фудбалер на Јувентус и Челзи, Џанлука Вијали, во разговор за италијанскиот „Коријере Дела Сера“ признал за тоа како се чувствувал кога лекарите му кажале дека има рак.

– Најтешко ми беше да им соопштам на најблиските: родителите, браќата, сестрите, сопругата и нашите ќерки, Оливија и Софија. Сознанието дека имаш рак носи чувство на срам, како да си сам крив што си го добил. Сакав да бидам и понатаму тој Вијали, оној како што го знаеја претходно. Својата приказна сакав да ја раскажам во книга – открил тој.

Поминало времето на хемотерапии и зрачње, сега неговата здравствена состојба се подобрила.

– Помина година дена и сега повторно се чувствувам физички како ѕвер. Сепак, не можам да кажам со сигурност дека мојата битка е завршена – рекол Вијали.

Тој смета дека не е најважно да се победи, ами да се размислува како победник.

– Животот е составен од 10 отсто работи што ни се случуваат и 90 отсто од тоа како ние се справуваме со тоа. Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на други кои имаат проблеми. Јас би сакал некој да дојде и да ми каже: Ти си причината поради која не се откажав – објаснил Вијали.

ИЗВОР: српски „Курир

ФОТО: Профимедиа / српски „Курир“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...