Американката Линдзи Вон ја забележа 82-та победа во Светскиот куп, додека Италијанката Софија Гоџа е победничка во дисциплината спуст за оваа сезона.
Вон попладнево беше најбрза на спустот во Оре, Шведска, кој се возеше на покуса патека од нормалното поради неповолни временски услови.
Времето на победничката е 55,65 секунди, Гоџа заврши на втората позиција со 55.71 секунди, трета беше Алис Меккенис (САД) со време 55.93 секунди.
По овој триумф Вон е на само четири победи до изедначување на рекордот на најуспешниот алпски скијач на сите времиња Ингемар Стенмарк (Шведска) кој во својата кариера 86 пати бил највисоко на победничкиот подиум.
Конечен пласман во спуст: Гоџа 509 бода, Вон 506, Тина Вајрајтер (Лихтенштајн) 394,….
На три трки до крајот во Генерален пласман води Микаела Шифрин (САД) со недостижни 1.673 бода, пред Венди Холденер (Швајцарија) со 1.068 поени и Викторија Ребенсбург (Германија) со 897 поени.
Фото: EPA/ANDREA SOLERO