Фудбалскиот клуб Барселона е загрижен дека Усман Дембеле е зависен од видео игри. Наводно, баш поради игрите, Дембеле пропуштил тренинг, пренесува „Ас“.
Претходно Французинот не отишол на трениг поради стомачен вирус, но подоцна медицинските тестови покажале дека немал никакви болки во тој предел.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тој играл игри со пријателите па заборавил на обврските.
Доколку се покаже дека 21-годишниот фудбалер е зависник, ќе добие адекватен третман и помош од клубот.
ФОТО: Ројтерс
Извор: српски „Курир“