Трет ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот

83

Собраниската комисија за финасирање и буџет денеска треба да ја заврши расправата по Предлог-измените и доплнувањата на Буџетот за 2018 година во второ читање што започна во петокот.

Како што образложи министерот за финансии Драган Тевдовски ребалансот се  базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП. Со ребалансот, како што кажа, се очекува да се подобри фискалната позиција на општините, за што се предвидуваат три милијарди денари.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата обвинија дека ребалансот е нереален и дека со него нема да се постигнат предвидените стапки на економски раст. Нагласија дека со ребалансот власта значително ќе ги намали средствата во здравството и образованието.

За пратениците од владеачкото мнозинство, пак, ребалансот е со цел корекција на расходната страна поради обезбедување финансиска поддршка на општините и зајакнување надржавните институции.

Согласно деловникот, расправата во Комисијата за финасирање и буџет може да трае најмногу три дена и треба да заврши денеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...