Овации на „Џузепе Меаца” за гранде Пандев ВИДЕО

1436

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев немаше многу успех со својот клуб Џенова на денешниот дуел со Интер во Милано. Џенова загуби со 5:0, Пандев беше сменет во почетните минути на второто полувреме, но Македонецот ќе го памти и по убаво овој натпревар со оглед на громогласните аплаузи што присутните на „Џузепе Меаца” ги упатија кон него.

Пандев своевремено настапуваше за Интер, а беше дел од составот кој ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...