Екс селекторот на Англија е стабилен по срцевиот удар кој го доби во ТВ емисија

290

Здрaвствената состојба на поранешниот селектор на Англија, Глен Ходл, е сериозна, но стабилна.

Тој вчера доживеа срцев удар во емисија на телевизијата „Би-Ти спортс“, каде е ангажиран како стручен коментатор, по што веднаш беше пренесен во болница.

Ходл во кариерата одигра 53 натпревари за Англија, а се смета за еден од најдобрите играчи на својата генерација.

Како селектор 61-годишниот фудбалски стручњак ја предводеше англиската репрезентација во периодот од 1996 до 1999 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...