Мексиканскиот боксер Саул Алварез, светски првак во средна категорија, влезе во историјата потпишувајќи со медиумската платформа DAZN договор на износ од дури 365 милиони американски долари, или 316,9 милиони евра.
Дваесет и осумгодишниот Алварез, попознат под прекарот „Канело“ поради црвената коса, со ова стана сопственик на најбогатиот договор меѓу спортистите надминувајќи го играчот на бејзбол Џанкалро Стентон кој во 2014 година потпиша договор со Макрами Марлинс договор на 325 милиони долари на 13 години.
Следните 11 мечеви во пет години на Мексиканецот ќе бидат пренесени само на платформите на DAZN, вклучително и неговиот следен меч со Британецот Роки Фиелдинг на 15-ти декември во Њујорк.
Алварез минатиот месец го детронизираше Казахстанец Генадиј Головкин во Лас Вегас, а тоа му беше 50-та победа во кариерата во којашто има и два нерешени меча и еден пораз, од славниот американец Флојд Мејветер.
DAZN е спортска медиумска платформа специјализирана за боречки спортови, а во САД ја продава својата програма на гледачите за месечна сума од 9,99 долари.
Фото: EPA/ULISES RUIZ BASURTO