Најмалку 11 деца загинаа во поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Суматра по силниот дожд, соопштија денеска локалните власти.
– Поплавата зазеде 20 деца од локално исламско училиште во областа Мандаилинг Натал- изјави шефот на полицијата Ирсан Синухаџи.
Тој додаде дека спасувачите досега ги извадиле телата на 11 загинати деца, но дека се уште ги бараат другите.
ФOTO: EPA-EFE/ARIMACS WILANDER