СЈО во „Поштенска банка“ бара притвор за тројца, еден од нив е екс градоначалникот на Кочани

6250

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во новата истрага „Поштенска банка“, презентирана утрово, бара притвор за три лица, меѓу нив, според нашите информации, е и Ратко Димитровски кој во истрагата е осомничен како сопственик на печатницата „Европа 92“ Кочани. Тој е и поранешен градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен за него, се бара притвор и за Томе Главчев како сопственик на „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и за Коле Смилевски како генерален директор на „Поштенска банка“ АД Скопје.

Тројцата се приведени и после 12 часот, според неофицијални инормации на Плусинфо, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.

Тие заедно со уште шест други лица (Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев) се осомничени за перење пари, а Главчев и Димитровски и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во истрагата само за делото злоупотреба на службена положба и овластувања биле опфатени и Љубчо Георгиевски во својство на премиер во 2001, Марјан Ѓорчев како вицепремиер, Никола Груевски како министер за финансии., но поради застареност тројцата куртулија од кривичен прогон.

Повеќе за новата истрага на СЈО можете да прочитате ТУКА.

Реакции за истрагата:

Георгиевски: Жал ми е што СЈО реши да ми го извалка името, со обвинените едно пиво се немам напиено

Груевски: Ако не ме спомене, СЈО не го чувствува предметот доволно атрактивен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...