СДСМ го брише градоначалникот на Ново Село: Поднеси оставка!

886

Градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ ќе биде отстранет од партијата за што е и започанта постапка, објавија од СДСМ.

„Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ. Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“, соопштија од партијата.

Стојев беше фатен во шверц на цигари, а потоа и доби затворска казна од 18 месеци. Тој се жалеше, а Апелациониот суд во Штип тројно му ја намали казната односно на 6 месеци затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...