Италијанската гимнастичарка Александра Агургукулезе со спектакуларен настап го освои бронзениот медал на Светското првенство во ритмичка гимнастика во Софија, Бугарија.
Таа настапи со звуците од македонската песна „Зајди зајди“ и иако пред завршните настапи котираше на осмата позиција, брилијантниот настап ја вивна на подиумот и ја закити со бронзен медал.
Погледнете го нејзиниот настап на видеото во продолжение.