Јанчев сто пати повтори дека не е контра Мицкоски и оти ВМРО ДПМНЕ нема да го бојкотира референдумот

2254

Митко Јанчев, еден од потпретседателите на партијата и член на Извршниот комитет на партијата потенцира дека нема разлика во неговиот и стравот на претседателот Христијан Мицкоски за референдумот.

Тој во емисијата Топ Тема рече дека нема разлика помеѓу одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ и неговиот став, односно за повикот до граѓаните да гласаат по сопствено убедување.

Тој вчера се спротивстави на одлуката на партијата да се остават членовите и симпатизерите сами да одлучат дали ќе гласаат на референдумот на 30ти септември. Според него партијата треба да има прецизен став за ова прашање.

– Јас лично имав став да се повика членството да гласа против договорот за името, но не и против членството во ЕУ и НАТО – рече Јанчев.

Тој е дециден дека во ВМРО-ДПМНЕ не се разговара, ниту размислува за бојкот на референдумот.

– Не сум дел од тивок бојкот, мислам дека членовите на ИК и претседателот на партијата немаат и не треба да имаат такви размислувања. ВМРО ДПМНЕ размислува како побрзо да се врати на власт – рече Јанчев.

– 15 години наназад, ВМРО ДПМНЕ се залагаше за референдум. Референдумот не се бојкотира, ниту тивко, ниту реално. Членството на ВМРО ДПМНЕ не може да биде за овој договор, тој е работа на Заев, ние треба да сме против договорот, но што се однесува до ЕУ и НАТО, ние сме проевропски ориентирана пратија – изјави Јанчев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...