Влетал со автомобил во луѓе во Кина, деветмина мртви, 43 повредени ВИДЕО

180

Девет лица загинаа, а 43 се повредени откако маж со автомобил влета на плоштад преполн со луѓе во Кина, јави Би-Би-Си.

Според други медиуми, во нападот загинале три лица.

Инцидентот се случи во јужниот дел на Кина, во градот Хенгјанг, околу 20 часот по локално време.

На социјалните мрежи се објавени снимки и фотографии на кои се гледаат повредени лица како лежат на земја по несреќата додека полесно повредените се обидуваат да им помогнат. На снимките се гледа и како луѓе трчаат во обид да избегаат од автомобилот.

Полицијата го приведе 54-годишниот маж, одговорен за инцидентот, а маса луѓе се обиде да го нападне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...