Фудбалската репрезентација на Хрватска синоќа во Елче загуби од Шпанија со 6:0. Ова е најтешкиот пораз за „коцкестите“ во нивната историја.
Селекторот на актуелниот светски вицешампион Златко Далиќ беше разочаран по дуелот кој се еиграше во рамките на Групата – 4 од Дивизија А во Лигата на нации.
– Од овој меч треба да извлечеме голема поука. Без агресивност, страст, желба за надигрување, нема резултат. Едноставно нашата игра се распадна. Се надевам дека ова беше само еден лош ден. Тоа им се случува и на други репрезентации. Верувам дека веќе нема да се повтори вакво наше издание – изјави хрватскиот селектор.
Во групата со Шпанија и Хрватска е и Англија, која исто така на првиот свој дуел загуби од Шпанија (1:2).
ФОТО: јутјуб