Македонка исчезна во Лос Анџелес, семејството нуди награда од 25.000 долари

1218

Полицијата во Лос Анџелес 12 дена трага по 25-годишната Адеа Шабани, студентка од Македонија, која исчезнала во Холивуд на 23 февруари, објавија американските медуми.

Семејството нуди награда од 25.000 долари за корисна информација за нејзино пронаоѓање.

Девојката последен пат била видена во 11 часот утрината на 23 февруари во близина на својот дом. Нејзиното семејство најмило приватен детектив.

Американските медиуми пренесуваат дека Шабани студирала глума и дека живеела во Лос Анџелес две години.

– Немаме докази дека таа избегала. Немаме докази што укажуваат на тоа дека сакала сама да се повреди – изјавил детективот Џајден Брант.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...