Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не знае зошто напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, не дојде на гала-вечерта, каде што беа доделени наградите за најдобрите играчи во Лигата на шампионите за минатата сезона.
Португалецот го доби признанието за најдобар напаѓач на турнирот, но за најдобар фудбалер беше прогласен Лука Модриќ.
– Само Роналдо знае зошто не дојде. Треба него да го прашате. Очекувавме да дојде. Но, неколку часа пред церемонијата, Јувентус не извести дека Кристијан нема учествува – изјави Чеферин.