Серена пред сестринскиот дуел: Ќе биде тешко со Венус

93
EPA/MIKE NELSON

Американската тенисерка Серена Вилијамс во 1/16 финалето на УС Опен ќе се сретне со нејзината сестра Венус во меч на кој очекува да има голема борба.

– За мене ќе биде исклучително тежок меч. Двете ќе дадеме максимум, па која ќе биде подобра нека победи – изјави Серена.

Таа е 17. носителка на турнирот, додека Венус е 16. фаворитка.

Сестринскиот дуел во Њујорк е предвиден да се игра утре околу 17 часот.

 

Фото: EPA/MIKE NELSON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...