Ѓоковиќ се жали: Влеговме во када со мраз за да се освежиме

1270

Шестиот носител Новак Ѓоковиќ кој успешно го мина првото коло на Грен слемот УС Опен се пожали на условите во кои се играат најголемиот број од мечевите.

– На почетокот сме, а веќе имаме десетина откажувања поради бруталните услови. Температурите се екстремно високи и колку и да се подготвуваш за такви услови на теренот, тешко е да се одигра цел меч. Само тенисерите знаат како е да се игра по такви горештини. Се обидуваме да се освежиме на разни начини. Тоа е и не можеме многу да смениме. На високи температури се играше и на Австралија Опен и на Вимблдон – изјави српскиот тенисер.

За време на вчерашниот меч со Унгарецот Мартон Фучович, двајцата тенисери користеа и десетминутна пауза за освежување.

– Буквално влеговме во када со мраз. Кусо траеше, ама беше добро брзо да се освежите – додаде Ѓоковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...