Охридски пливачки маратон по 32. пат

157

Триесет пливачи во машка и женска конкуренција денеска ќе учествуваат на 32. Охридски пливачки маратон. Стартот на 25 километарската траса во водите на Охридското Езеро ќе биде од Свети Наум до пристаништето.

Годинава патеката „Климе Савин“ ќе биде пет километри пократка од вообичаените 30, а организатор е Пливачката федерација на Македонија. Земјава ќе ја претставуваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Во машкa конкуренција тронот ќе го брани германецот Александар Стуџински, а во женска Барбара Позобен од Италија

Стартот на пливачкиот маратон ќе го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001 до 2004. Во 2005 година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија.

Наградниот фонд на 32. Охридски пливачки маратон е 15.000 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...