На еден од навивачите на ФК Партизан, во текот на првиот натпревар на плеј-офот за влез во Лига Европа против турскиот Бешикташ, ненадејно му се слошило додека од трибините го гледал натпреварот.
Во моментот по изедначувачкиот гол на Бешикташ, навивачот во критична состојба го довеле до теренот каде веднаш го презела итна помош, која му укјажала неопходна помош, пренесува српски Телеграф.
Лекарите веднаш почнале со реанимација, која траела повеќе од десет минути.
Според последните информации, човекот во критична состојба е транспортиран во Ургентниот центар.