Познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам добитник е на претседателската награда на УЕФА за 2018 година, соопшти денеска Европската фудбалска федерација.
Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин истакнал дека Бекам е вистинска икона на една генерација, дека и по завршувањето на кариерата ширум планетата со хуманитарна работа на најдобар начин го промовирал фудбалот и дека наградата оди во вистински раце,
Бекам на големата сцена стапи во дресот на Манчестер јунајтед, со кои и ја освои Лигата на шампиони во 1999 година, а потоа играше за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.