Почна истрага за убиство од небрежност на фудбалерот Давиде Астори

3970

Италијанските власти отворија истрага поради сомнеж за убиство на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој трагично почина вчера во Удине.

Веста за истрагата ја соопшти главниот обвинител за Удине, Антонио ди Николо, а од фудбалскиот клуб Фиорентина информираа дека обдукцијата ќе биде извршена во среда, по што ќе се знае точната причина за неговата смрт.

– Отворивме истрага поради можноста за убиство од небрежност. Тоа е неопходна мерка. Засега се води против непознати извршители, изјави Де Николо за италијанското радио РАИ.

Обвинителот вчера не ја криеше својата зачуденост поради смртта на 32-годишниот професионален спортист, кој почина во сон во хотелска соба.

Астори ќе биде погребан во четврток во Фиренца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...