Македонската кадетска кошаркарска репрезентација ја победи Чешка и го освои третото место на Европското првенство (дивизија Б), но што е уште поважно со овој резултат обезбедија пласман во елитната конкуренција во А дивизијата.
Нашите момчиња остварија 20 кошеви разлика (84-66).
Марко Миловановиќ со 23 поени и 14 скока беше најдобар поединец во редовите на Македонија. Андреј Андоновски реализираше 15 поени, а со по 10 поени мечот го завршија Павел Данаиловски и Лука Савичевиќ.