Македонија изгуби од Холандија на ЕП во кошарка

Македонија утре игра против Луксембург.

288

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години, претрпе висок пораз во дуелот против Холандија, во второто коло од групната фаза на Европското првенство Б дивизија.

Првата четвртина заврши со водство на гостите од 24:13, а во останатиот дел од средбата, Холандија константно ја зголемуваше предноста и на крајот немаше никаква неизвесност.

Андреј Јакимовски со 17 поени беше најефикасен кај Македонија, а двоцифрен број на поени постигна и Ваљмир Какруки (10 поени).

Македонија утре игра против Луксембург, а во понеделник е слободна.

Остануваат и дуелите против Чешка и Израел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...