Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо го финализираше трансферот во Јувентус и помина низ задолжителните медицински прегледи.
Крајните резултати излегоа вчера, а лекарите во торинскиот гигант останале зачудени од индексите на Роналдо. Кристијано запишал импресивни податоци за 33-годишен спортист, откако неговото тело и физичка подготовка е еквивалентно на 20-годишен професионален спортист.
Кристијано има само седум проценти телесна маст, а тоа е три проценти помалку од просекот за професионален играч на тоа ниво. ЦР7, исто така, има импресивна мускулна маса од 50 отсто, што е четири проценти повеќе од играч од највисоко ниво.
Кристијано покажа и сериозни резултати на Мундијалот 2018 што се однесува до брзина на теренот. Португалскиот напаѓач достигна 34 километри на час на теренот во Русија, а побрз од него на шампионатот немаше.
Јувентус го купи Кристијано за 100 милиони евра од Реал Мадрид ова лето.