Илјадници луѓе ги пречекаа француските шампиони ВИДЕО

294

Фудбалската репрезентација на Франција слета денеска околу 17 часот на парискиот аеродром Шарл де Гол, ден по освојувањето на титулата светски прваци на Миндијалот во Русија.

Тие од аеродромот со автобус одат кон авенијата Шанселизе, каде ги чекаат голем број навивачи. Француската селекција потоа ќе оди кај претседателот Емануел Макрон, кој заедно со сопругата Брижит , во Елисејската палата ќе им приреди свечен прием.

Околу 3.000 луѓе поканети се да го прослават нивното доаѓање во градините на Елисејската палата, меѓу кои многу млади од фудбалските клубови кои формираат светски шампиони, како што е клубот „Бонди“ од париската област каде што почнал младиот Килиан Мбапе.

Поканети се и спортистите кои освоиле медалји на последните Олимписки игри како и играчите на рагби помлади од 20 години кои неодамна станале светски шампиони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...