Фудбалерите на хрватската репрезентација од Москва полетаа околу 12 часот и околу 15 треба да пристигнат во Загреб. На плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ”, каде што се очекуваат повеќе од 30 илјади обожаватели, прославата треба да почне во тоа време, а доаѓањето на тимот на плоштадот се очекува околу 16 часот.
Хрватската телевизија настанот го пренесуваво живо.
По слетувањето на аеродромот, националниот тим ќе се сретне со мажоретките и бројните навивачи, а потоа, со отворен автобус на кат, репрезентацијата ќе замине на централниот загрепски плоштад.
Модриќ и друштвото на плоштадот ќе се сретнат со Запрешиќ бојси, а покрај навивачките песни ќе биде изведена и песната „Мојата татковина”. За време на изведбата на оваа песна ќе бидат пуштени илјадници црвено-бели балони на небото.