Четирикратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, по денешниот триумф во Лондон, изјави дека е прекрасно да се подниге пехарот додека слуша тато, тато.
– За прв пат во животот подигам трофеј, а постои некој кој вика тато, тато. Да, тоа е тоа дете таму. Не можеше да го гледа мечот затоа што има помалку од пет години, но сега е тука и ако освојувам трофеи и во иднина тогаш ќе може и цел меч да проследи, рече Ѓоковиќ.
Тој ја искористи можноста да му честита на својот ривал Кевин Андерсон.
– Беше извонреден, имаше победничката низа, многу часови на теренот. Можеби во првите два сета не беше на ниво, но јас сум среќен што игравме толку добар трет сет, истакна српскиот тенисер.
Во финалето денеска Ѓоковиќ го победи Андерсон со 3-0