Мечот Ѓоковиќ – Надал продолжува денеска

По три часа игра вчера, Новак Ѓоковиќ има предност на дуелот со Рафаел Надал со 2:1 во сетови.

518

Вториот полуфинален дуел на тенискиот Грен слем во Лондон, синоќа беше прекинат и ќе се доигра денес со почеток во 14 часот. По три часа игра, Новак Ѓоковиќ има предност на дуелот со Рафаел Надал со 2:1 во сетови.

Србинот го доби првиот сет со 6:4, Надал возврати во вториот со 6:3, а третиот беше одлучен по тај-брејк во кој Ѓоковиќ беше поуспешен со 11:9.

Веднаш по завршување на третиот сет организаторот го прекина мечот, бидејќи веќе помина 23 часот по локално време, термин по кој по традиција прекинуваат натпреварите на Вимблдон.

Претходно, во маратонски меч (6 часа и 36 минути) Кевин Андерсон го победи Џон Изнер и се пласира во финалето.

За трофејот денес (15 часот), во женска конкуренција ќе играат Анџелика Кербер од Германија и Венус Вилијамс од САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...