Хрватска оди во полуфинале. На пенали ја елиминираше Русија, домаќинот на Светското првенство.
На плоштадите во Хрватска масовно се гледаше четвртфиналето, а една од најжешките атмосфери беше во Загрев.
Хрватскиот селектор Златко Далиќ не можеше да гледа како Иван Ракитиќ го изведува последниот пенал. Тој седеше на клупата и на крајот од натпреварот се расплача во прегрантките на поранешниот хрватски репрезентативец Огнен Вукојевиќ, кој е дел од стручниот штаб.
Во продолжение погледнете го видеото од славењето на плоштадот во Загрев напрено од редакцијата на порталот Index.hr, како и фотографијата од расплаканиот Далиќ.