Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино ги покани децата заробени во пештерата во Тајланд на финалето на Светското првенство кое ќе се одржи на 15 јули во Москва.
Претседателот на светската куќа на фудбалот испратил писмо до претседателот на фудбалската федерација на Тајланд, изразувајќи ја неговата поддршка поканувајќи ги и децата и тренерот на финалето ако околностите дозволат.
Инфантино напишал дека со голема загриженост ги следат вестите откако групата исчезна, но и оти им олеснало кога дознале дека децата се пронајдени.
„Се надеваме дека нашата поддршка ќе придонесе кон малку мир и храброст во овие тешки моменти, моменти на несигурност и загриженост“, напишал Инфантино.
Писмото го објави шпанскиот спортски весник „Марка“.