ТОП ФБ КОМЕНТАРИ Нешто ни е познато од некаде, хмммм!

1973

Фејсбук статуси на Васко Георгиевски, Боби Илиевски, Александар Левески, Александар Дојранлиев, Ивор Мицковски, Јорданка Ивановска Јоци, Ненад Јовановиќ, Миодраг Мишолиќ и Ѕвездан Георгиевски.

Васко Георгиевски:

Ме праша: „Дали има племиња во твојата земја“? Ѝ одговорив: „Да, има.“ „Како се вика твоето племе“? Продолжи. „Брсјаци“! „Не можам да го изговорам.“ „Јас сум од Тангути“! Рече.

Боби Илиевски:

Мицковски е толку често на Топ-тема што папучи во студио си има.

Александар Левески:

Мицковски нема став за ништо. Односно нема муда да соопшти став за било што, а сака да го есапат за лидер на опозицијата. Е мој Мицко, Мицко…

Александар Дојранлиев:

Не го гледав Мицковски оти пиев кафе. Тоа е суштината.

Емилија Лазаревска:

Може ли по примерот на размена на студенти, да направиме размена на градоначалници? Па на пример, Златко Марин да им го дадеме на кавадарчани, а Митко Јанчев да дојде во Аеродром?

Ивор Мицковски:

Како може Ахмети да каже дека проблемот за името со Грција не е проблем на Албанците? Тоа бил проблем на македонската заедница.

Вакви сектаријански ставови се смртта на државата, кога некои заедници и политички лидери ќе си бираат што ги тангира, а што не.

Државата треба да е една за сите.

Како ние ги адресираме проблемите на Албанците – како нивни проблем, или како државно прашање?!

Оваа себичност и лакомост која постои кај ДУИ нѐ прави поделена држава.

Па што се тепавте ко партија вашите владини претставници да имаат посебни средби со грчката страна?

Јорданка Ивановска Јоци:

Не знам кој работи во државава. Сите кафичи и кафеани, на потег Водњанска – Дебар Маало – Буњаковец – полни. Од биртии до ресторани. И тоа, среда, околу пладне. Чорби, ракии, салати…

А зборат за реформи, бројчаници, шио ми га џура..

Не знам каква економија замислува Зоки, но вакво безделничење, еден ден, ќе пукне секому во фаца.

Ненад Јовановиќ:

Го гледам Дарко Митревски ОффНет, манипулира преку својот син, разгорувајќи некакви романтичарски сентименти. Те сувереноста, те знамето, те уставот, те останати тракатанци и шлајшупки. Не е глуп, синот ќе му живее во најбогатата империја во светот. Никогаш не би го вратил овде, никогаш ни тој не би се вратил, ама добро е да се тртља „за Македонија“. Па уште и презирал национализам. Слушајте, јас мислам дека човек кој не живее овде – а со тоа и не плаќа данок овде – нема што да се изјаснува за било кое политичко прашање. И молим лепо!

Миодраг Мишолиќ:

Хулиганите се „силни“ само кога се многу на еден. А кога не е така, или уште повеќе, кога ќе се соочат со казна за своите постапки, тогаш плачат, кукаат, се каат, се извинуваат…

Спротивно од нив, некои кои не се „големи јунаци“, херојски издржаа да поминат прилично долго во затвор (притвор) и да бидат осудени во, најблаго речено, проблематични процеси, без да го загрозат на било кој начин своето достоинство. Кога ги слушам казните за овие денес, мене во мислите ми доаѓаат тие храбри и благородни луѓе.

ПС. Не ги наведувам со име и презиме, зашто ги знаеме сите, а и ќе пропуштам некој, чиј слуај не бил доволно медиумски покриен.

Ѕвездан Георгиевски:

Прво да видам како ќе се одвива процесот, а после ќе решам што да правам. Така отприлика му реков на келнерот кога вечерва ми донесе сметка. Мислам дека во случајов не покажа многу разбирање за моите идентитетски дилеми, ниту пак покажа демократски капацитет да го слушне гласот на резидентите во кафеаната.

(насловна фотомонтажа: Странски служби)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...