Светска Банка следните 4 години ќе и помага на Македонија за почист воздух

398

Mинистерот за животна средина Садула Дураки оствари работна средба со Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија и Косово и Беким Имери, висок специјалист за социјален развој.

На средбата се разговарaше за статусот на тековните заеднички активности кои се интензивираа во изминатиов период, но и за активностите кои следуваа. Светска Банка подготвува нов круг на партнерска помош за Република Македонија за следните 4 години, при што, како една од приоритетните области, детектирана е одржливата животна средина и климатските промени.

Посебен фокус во областа е ставен на предизвиците од загадувањето на воздухот земајќи го предвид растечкиот интерес за справување со проблемот не само на национално, туку и на регионално ниво, но и на водите и цврстиот отпад.

На повидок се и резултати од интензивираната соработка. Изработката на Студијата за управување со квалитет на воздухот на регионално ниво на Западен Балкан, во која се опфатени покрај Македонија, Косово и Босна и Херцеговина е во финална фаза.
Студијата вклучува преглед на прашања за загадувањето на воздухот и институционална рамка, анализа на економските трошоци поврзани со загадувањето на воздухот, прелиминарна студија за изворите на загадување и прелиминарни препораки за креирање на политики.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...