Грчката дијаспора вербално го нападна премиерот Алексис Ципрас за време на неговата посета во Лондон.
„Предавник, Македонија ја продаде, го продаде и Кипар“ и „Срам да ти е“, се извиците упатени кон Ципрас, а притоа тие фрлаа и пари на улицата како симболика за тоа што ги „продал“ Македонија и Кипар.
Грците од дијаспората се собрале од другата страна на улицата кај зградата каде влегол премиерот на средба со претставници на дијаспората. Во Лондон, тој ќе се сретне и со британската премиерка Тереза Меј.