Повторно ќе се испрашува загрозениот сведок во „Монструм“

265

Единствениот загрозен сведок во случајот „Монструм“, повторно ќе се појави во судница и ќе биде испрашуван.

Неговиот идентитет не е познат за јавноста, во случајот тој се води под шифра. За неговото испрашување судот закажа две рочишта, на 5 и 11 јули.

На денешното рочиште беа сослушани двајца рибари, а се гледаше и снимката од исказот на обвинетиот Хаки Азири пред истражен судија во 2012 година.

Гледањето на снимката беше по барање на СЈО со цел да се види во какви околности тој го дал исказот.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...