Сојузот на борците на НОБ доби на користење простории во Домот на АРМ

121

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија денеска потпишаа договор со кој на Сојузот му се доделуваат на користење простории во Домот на Армијата на Република Македонија за период од 10 години.

– На овој начин се обидуваме да исправиме една долготрајна неправда во оваа држава во која оние кои ја изборија и ја издејствуваа со крв, пот и многу мака слободата на нашата држава беа оставени на улица – рече министерката.

Затоа, додаде таа, Владата донела одлука за обезбедување на овие простории за во иднина врската меѓу државните институции и органи и Сојузот на борци уште повеќе да зајакнува.

– Нашата цел е новите генерации на сите оние кои крвареле, се бореле и жртвувале за Македонија, да им покажат дека нивната жртва не е залудна – рече министерката Шекеринска.

Претседателот на Сојузот Никола Стојановски истакна дека е задоволен од одлуката да им се излезе во пресрет на нивните барања да добијат простории во кои ќе можат да ја развиваат нивната работа и да продолжат тоа што го работеле за време и по војната за изградбата на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...