Фудбалерите на Саудиска Арабија ќе бидат казнети оти згубија 5:0

945
ФОТО: EPA/PETER POWELL

Голем број фудбалери на Саудиска Арабија ќе бидат казнети за поразот од Русија со 0:5 на почетокот на Светското првенство.

Според зборовите на претседателот на саудиската федерација, Адел Изат играта била безобразна и не одговорала на нивото што тимот го прикажал во контролните средби.

– Резултатот не е реален. Ние сме разочарани од овој пораз. Ќе има казни – рече Изат.

Меѓу оние кои ќе бидат казнети, секако спаѓаат голманот Абдула Ал Муаиуф, напаѓачот Мохамед Асири и дефанзивецот Омар Хавсави.

ФОТО: EPA/PETER POWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...