Само неколку дена пред почетокот на на Мундијалот во Русија, дојде до можеби на најголемиот скандал во ФИФА кој сериозно ќе ја раздрма оваа организација.
Еден спортски новинар по потекло од Африка под псевдонимот Анас го раздрма фудбалскиот свет.
Телевизијата BBC планира во наредните неколку дена да емитува негов документарен филм посветен на митото и корупцијата меѓу судиите кои ќе ја делат правдата на претстојниот Мундијал.
Во тој серијал ќе може да се види како повеќе познати судии се фатени на дело како примаат мито. Освен судиите, на снимките ќе бидат и челници на организацијата ФИФА, како и челници на некои фудбалски клубови. Меѓу нив е и претседателот на фудбалскиот сојуз на Гвинеја, кој на конто на мито презема сума од 60.000 долари.
Што се однесува на судиите, едно е сигурно, на снимките ќе се најде судијаѕа Ранге Марва од Кенија, кој се наоѓа на списокот помошни судии на Мундијалот, кој е снимен како прима мито во износ од 600 долари. Исто така и судија од Гамбија, Ебрима Џало е еден од делителите на правдата кој е снимен од објективот на камерата на вештиот репортер.